Кумановец измамен при купување дрва за огрев

Сподели со своите пријатели

Триесет и четиригодишен кумановец вчера бил измамен при обид да купи дрва за огрев.

Loading...

– На 23.08.2021 година во 18.15 часот во СВР Куманово, 34-годишен маж од кумановско село пријавил дека бил измамен од едно лице, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Според пријавеното, лицетo му понудило огревни дрва и откако се договориле му платил, по што пријавениот му кажал да се упати на местото каде наводно биле складирани и да го чека со образложение дека ќе оди во канцеларија да ја спреми испратницата, но после тоа не се појавил.

Од полицијата преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски