Вчера околу 07,50 часот во Куманово на ул.„Ѓорче Петров“ А. В.(44), додека бил на покривната конструкција од неговата семејна куќа, се лизнал и паднал во дворот на земјена површина, по што се здобил со тешки телесни повреди, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Болницата во Куманово, а по укажаната лекарска помош бил пренесен во Клинички центар – Скопје на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово.