Четириесет и четиригодишен кумановец бил приведен вчера поради агресивно однесување и упатени закани кон полициски службеници.
Loading...
– На 16.07.2025 во 19.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Т.Б.(44) од Куманово затоа што агресивно се однесувал и им се заканувал на полициски службеници кои вршеле службени дејствија и носел остар предмет, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќеж следува соодветна пријава.
Никола Ивановски