Кумановец и скопјанец се тепале за паркинг место

Сподели со своите пријатели

Жители на Куманово и Скопје вчера физички се пресметувале поради недоразбирање околу паркинг место.

– На 13.12.2021 во 15.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање околу паркинг место, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.Д.(37) од Куманово и В.Б.(49) од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Сочинети се записници за констатиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Никола Ивановски