Две лица од Скопје и едно од Куманово го нарушиле јавниот ред и мир на Граничниот премин Деве Баир со меѓусебна физичка пресметка.
Loading...
– На 28.01.2025 во 23.36 во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на Граничен премин Деве Баир бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу Д.У.(66) и А.У.(24) од Скопје, од една страна и Н.С.(64) од Куманово, од друга страна, информираат од Секторот за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот, како што додаваат од кумановската полиција, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
Никола Ивановски