Возачи од Куманово и Крива Паланка биле приведени изминатиот викенд поради управување возило под дејство на алкохол.
Во првиот случај приведен бил 35-годишник од Куманово кој возел со 2,58 промили алкохол.
На 10.08.2025 ви 02:11 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.П.(35) од Куманово. При сообраќајна контрола полициските службеници запреле патничко возило „опел“, кое го управувал С.П., и при извршена контрола било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,58 промили алкохол во крвта, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во вториот случај во притвор завршил четирисет и шестгодишник од Крива Паланка, кој возел со 2,51 промили алкохол.
– На 08.08.2025 во 21:00 часот на автопатот Скопје – Куманово, од слобода бил лишен Б.С.(46) од Крива Паланка. При сообраќајна контрола полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал С.П., и при извршена контрола било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,51 промили алкохол во крвта, велат од МВР.
Како што се додава во соопштението, по целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „бзобѕирно управување со моторно возило“.
Никола Ивановски