Едно лице од Куманово и две од Скопје заработија кривични пријави, откако на спортско игралиште во Крива Паланка организирале настан на кој присуствувале 30 лица.
– Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Д.Г. (39), Ж.И. (38) двајцата од Скопје и Ј.М. (31) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
На 05.05.2020 од 13,00 до 14,00 часот, на место викано „дубље“, во с.Мождивњак- Крива Паланка, на спортско игралиште, пријавените организирале и одржале собир на граѓани на кој присуствувале околу 30 граѓани.
Никола Ивановски