Кумановец го претепал татка си. Полиција го привела

Сподели со своите пријатели

Триесет и седумгодишен кумановец бил приведен вчера по пријава дека физички го нападнал сопствениот татко.

Loading...

– На 27.01.2025 во 13.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.С.(37) од кумановско село затоа што физички го нападнал неговиот татко, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од кумановската полиција, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 46-годишен кумановец. Бил агресивен кон полицајци