Кумановец го нападнал својот брат на работното место

Сподели со своите пријатели

Триесет и четиригодишен кумановец бил приведен по пријава дека на работното место го нападнал својот брат.

– На 08.04.2026 во 11:05 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.И.(34) од Куманово затоа што физички го нападнал неговиот брат, кој бил на неговото работно место, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кривична за навивач на МЗТ кој со монета повреди дете на натпревар во Куманово