Кумановец ги вознемирувал своите мајка и сестра, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Триесет и осумгодишен кумановец бил приведен вчера попладне по пријава дека ги вознемирувал својата мајка и сестра.

Loading...

– На 26.06.2024 во 18.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле И.М.(38) од Куманово, затоа што во семејната куќа во Куманово ги вознемирувал неговата сестра и мајка, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски