Кумановец ги претепал своите малолетни сестра и брат

Сподели со своите пријатели

Дваесет и петгодишен кумановец бил приведен приведен вчера откако физички ги нападнал своите малолетни сестра и брат.

Loading...

– На 11.09.2024 во 18.03 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(25) од Куманово затоа што во неговиот дом во кумановско село физички ги нападнал своите малолетни сестра и брат, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што додаваат од кумановската полиција, С.М. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пронајдено малолетното девојче од Пчиња кое беше пријавено за исчезнато