Кумановец ги нападнал сопругата и децата, а потоа и полицаец

Сподели со своите пријатели

Дваесет и деветгодишен кумановец бил приведен по пријава дека го нападнал своето семејство, а потоа и полициски службеник.

– На 26.10.2025 во 09:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 29-годишник од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 27-годишна сопруга и малолетните деца, по што физички нападнал и полициски службеник кој извршувал службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, Д.С. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата

Никола Ивановски