Четириестгодишен кумановец бил приведен по пријава дека физички ги нападнал неговата поранешна партнерка и нејзината мајка.
– На 05.11.2025 во 02:00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.А.(40) од кумановско, постапувајќи по претходна пријава дека во домот на неговата поранешна 33-годишна партнерка физички ги нападнал неа и нејзината мајка, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

