Четириесет и четиригодишен кумановец вчера бил физички нападнат во центарот на градот од три лица.
Loading...
– На 16.09.2021 во 18.05 часот во СВР Куманово, Т.Т.(44) од Куманово пријавил дека во центарот на Куманово бил физички нападнат од три лица, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Полициски службеници, како што појаснуваат од МВР, излегле на местото и било констатирано дека бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Т.Т. и Ф.Д.(42) од селото Ваксинце, општина Липково, по што на двајцата им биле изготвени записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
Никола Ивановски