Дваесет и тригодишен кумановец бил приведен викендов по пријава дека физички ги нападнал членовите на неговото семејство и оштетил товарно возило.
Loading...
– На 13.07.2025 во 17.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.И.(23) од Куманово затоа што физички ги нападнал членовите од неговото семејство и оштетил товарно моторно возило, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од кумановската полиција, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски