Кумановец физички ја нападнал својата сопруга

Сподели со своите пријатели

Триесет и осумгодишен кумановец физички ја нападнал својата сопруга, по што бил приведен од полицијата.

Loading...

– На 27.11.2024 во 09.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.В. (38) од Куманово, затоа што физички ја нападнал неговата сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец, полицијата му пронашла кафеава прашкаста материја