Кумановец физички го нападнал својот брат

Сподели со своите пријатели

Дваесет и двегодишен кумановец бил приведен рано утринава по пријава дека физички го нападнал својот брат.

– На 27.12.2025 во 04:00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Р.(22) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 03:20 часот во семејниот дом, по претходна расправија, физички го нападнал неговиот 18-годишен брат, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случaјот ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет лица се тепале пред угостителски објект во Младо Нагоричане