Дваесет и двегодишен кумановец бил приведен рано утринава по пријава дека физички го нападнал својот брат.
– На 27.12.2025 во 04:00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Р.(22) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 03:20 часот во семејниот дом, по претходна расправија, физички го нападнал неговиот 18-годишен брат, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случaјот ќе следува соодветен поднесок.
Никола Ивановски

