Четириесет и осумгодишник од кумановско бил приведен вчеравечер по пријава дека физички ги нападнал своите сопруга и ќерка.
Loading...
– На 01.06.2025 во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.Ц.(48) од село Биљановце, кумановско, затоа што физички ги нападнал неговата сопруга и ќерка, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски