Кумановец фатен на дело додека крадел од деловен објект

Сподели со своите пријатели

Триесет и петгодишен кумановец вчера бил приведен додека се обидувал да изврши кражба од деловен објект во Куманово.

Loading...

– На 09.05.2022 година во 22.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.В.(35) од Куманово. Тој бил затекнат во деловен објект на улица „Индустриска“ при обид да изврши кривично дело, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски