Како што информира МВР, СВР Битола поднесе кривична пријава против М.П (30)од Куманово поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „Силување“.
Loading...
Имено, на 26 септември околу 16.30 часот, додека В.Р (40) од Битола се враќала дома, по скалите во зградата каде што живее, била помината од М.П., и пред да влезе во својот стан, тој ја притиснал до ѕидот и почнал да ја допира по интимните делови од телото.
Кога В.Р. почнала да вика, пријавениот се одалечил од неа и побегнал.