Кумановец дел од македонскиот кантер – тим што го освои Светското првенство (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кристијан Поповски од Куманово заедно со уште четири момчиња станаа светски прваци што го освоија Светското првенство на Меѓународната еспорт федерација.

Loading...

 

 

Поповски – „FODOR“ заедно со Александар Ќулукоски „CacaNito“, Јане Апостолоски „aidKiT“, Дамјан Стоилковски „kyxsan“ и Павле Стојановски „stYleEeZ“ се дел од македонската „Кантер страјк: Глобал офенсив“ (Counter Strike:Global Offensive) репрезентација, а вчера станаа светски шампиони.

 

 

Loading...

Со резултат 16:10 на мапата „Инферно“ и 16:11 на мапата „Мираж“ македонската репрезентација ја победи онаа на Романија во финалната пресметка.

Македонија претходно ја победи Украина во полуфиналната средба.

 

 

На Светското првенство кое се одржа во Израел од 16 до 18 ноември ичество зедоа 11 тимови, а најдобар излезе македонскиот.

Македонската е-спорт федерација освојувајќи го првото место освои 10.000 долари парична награда.

 

Loading...

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Македонска Еспорт Федерација (@macedonianesf)

Никола Ивановски