Кумановец бил агресивен во угостителски објект, а имал и пиштол

Сподели со своите пријатели

Четириестгодишен кумановец бил приведен утринава оти се заканувал на обезбедување во угостителски објект.

Loading...

Според СВР Куманово кај него бил пронајден и пиштол.

– На 15.01.2024 во 01.25 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Т.(40) од Куманово. Тој, во угостителски објект на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ агресивно се однесувал кон вработени од агенција за обезбедување, а кај него бил пронајден и пиштол, информираат од кумановската полиција.

Оттаму додаваат дека А.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неколку кумановски села денеска и утре без струја

Никола Ивановски