Кумановец бил агресивен и се заканувал на својот татко, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Четириесет и четиригодишен кумановец бил приведен вчера по пријава дека агресивно се однесувал и заканувал на својот татко.

Loading...

– На 29.12.2024 во 13.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.П.(44) од Куманово затоа што агресивно се однесувал и се заканувал на неговиот татко, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ќе се реконструира улицата „Моша Пијаде“, граѓаните можат да дадат свое мислење