Кумановец баран за издржување затворска казна приведен на Табановце

Сподели со своите пријатели

Педесет и четиригодишен кумановец викендов бил приведен на Граничниот премин „Табановце“ откако бил баран за издржување затворска казна.

Loading...

– На 09.07.2022 во 10.45 часот на Граничен премин „Табановце“ од полициски службеници е лишен од слобода Ж.К.(54) од Куманово, затоа што при проверка во службената евиденција било констатирано дека се наоѓа на СТОП листата, по телеграма од Одделение за потраги, Сектор за меѓународна полициска соработка при МВР, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој се барал за издржување на казна затвор за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ казниво по чл.378 став 1 од Кривичниот законик.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец украл чанта од 79-годишна жена, полицијата го привела

Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски