Кумановец баран со потерница приведен вчеравечер

Сподели со своите пријатели

Четириесет и тригодишен кумановец вчеравечер бил приведен, откако по него имало распишана потерница за доиздржување казна затвор од 4 години и 2 месеци.

– На 16.02.2022 во 20.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.Д.(43) од Куманово. Тој е осуден на 7 години и 5 месеци затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а се барал со потерница за доиздржување на 4 години и 2 месеци казна затвор, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што појаснуваат од кумановската полиција, лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.

Никола Ивановски