Кумановските артисти Аиман и Зиро ја објавија својата најнова заедничка песна со наслов „Цунами“, која носи свежа летна енергија и доаѓа како вистинска музичка завршница на сезоната.
Loading...
„Песната е летна и ја направивме за крај на летото, за да пружиме малку летна енергија и симболично да се заокружи ова лето,“ изјави Аиман за новото издание.
Автори на музиката и текстот се самите Аиман и Зиро, кој воедно е и продуцент на песната.
Битот е дело на Зиро, а за миксот и мастерингот беше задолжен Давид Ивановски.
За визуелното видео се погрижи Андреј Зафировски – Zaff, додека уметничкиот изглед и графичкиот идентитет ги изработи TomkeZ.
Песната може да ја слушнете во продолжение:
Loading...