Кумановци заработија кривични за оштетување на компјутерски систем

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Д. (22) и В.И. (24), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело “оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”, како и против Ј.Д. (21) од Куманово, М.И. (22) од Велес и Н.Т. (21) од село Старо Нагоричане поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “соизвршителство” во врка со „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 27.02.2017 година, Ј.Д., по претходен договор со А.Д. (22), на телефонски апарат оштетениот го забележала потребниот код за почнување постапка за преземање на нечиј профил. Кодот го пратила на А.Д., кој заедно со В.И. и Н.Т. ја продолжиле постапката за преземање на фејсбук профилот.

Откако телефонски ги добиле потребните кодови од страна на М.И., А.Д. ги внел на предметниот фејсбук профил, по што профилот бил преземен.