Кумановци задоволни: „Бесплатниот превоз е големо олеснување“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Задоволни сме, бесплатниот превоз е големо олеснување“, велат граѓаните на Општина Куманово откако Советот ја продолжи мерката за бесплатен автобуски превоз до крајот на октомври.

Loading...

И во наредните четири месеци Општина Куманово ќе остане единствена во државата која на своите граѓани им овозможува бесплатен јавен превоз како мерка која треба да ја ублажи економската криза.

Граѓаните велат дека мерката е позитивна и редовно ги користат услугите на автобускиот превоз.

 

 

– Постојано користиме, за до град, до болница, за до работа. Во секое време треба да има автобус. Граѓаните не плаќаат, многу големо олеснување е благодарение на градоначалникот на град Куманово. Ние сме многу задоволни, треба во секое време да има автобус, вели една повозрасна кумановка.

Друг кумановец, вели дека има автомобил, но треба да си има автобуски превоз, оти се намалува метежот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнал сограѓанин, а полицијата дома му пронашла дрога

– Гужва нема, таксисти нема, подобро не може да биде, вели тој.

И учениците се задоволни што и по завршување на летниот распуст нема да го плаќаат автобускиот превоз, како што тоа беше пракса во минатото, кога возниот билет им траеше само додека трае учебната година.

– Парите кои порано ги наменувавме за превоз, денеска успеваме да ги намениме за други наши потреби и се надевам дека оваа мерка ќе продолжи, а со тоа подеднакво ќе бидат поддржани сите граѓани, вели една ученичка.

„Благодарни сме што општината успеа да ни удоволи на нас со мали примања“, вели друг повозрасен кумановец.

– И ние со мали примања да можеме да патуваме, да ги вршиме нашите секојдневни работи, едноставно да не ја чувствуваме толку кризата што ја има во државата. Мерката даде добри резултати, луѓето го препознаа тоа, политиката на општината е засега многу добра се надевам дека така и ќе продолжи, вели тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски на средба со амбасадорката на Хрватска

Друга кумановка вели дека мерката е добра оти ѝ овозможува да патува како придружник на своето дете кое е лице со посебни потреби.

– Не може детето само и со него сум придружник, вели таа.

Една работничка вели дека ја користи мерката секојдневно и тоа е олеснување за граѓаните.

Loading...

– Добро е за домашниот буџет е добро. Од почеток ја користам мерката, вели друга кумановка.

Бесплатниот превоз функционира од почетокот на минатата година, започна како предлог мерка на градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, кој тогаш рече дека локалната самоуправа мора да им излезе пресрет на граѓаните кои се најмногу погодени од економската криза.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ја нападнал сопругата и нејзината ќерка

– Куманово е прва и единствена општина во државата која од 01.01.2023 година воведе целосно бесплатен јавен превоз за сите граѓани, со цел да им се помогне на граѓаните и да се обезбедат заштеди во семејниот буџет, каде што е најмногу потребно. Особено ме радува фактот дека Кумановци се задоволни од оваа одлука и сметаат дека на овој начин се ублажува економската криза, а се намалува и сообраќајниот метеж во централното градско подрачје, вели Димитриевски.

Освен економски бенефит за граѓаните, мерката има и други позитивни ефекти велат од општината, како што е намалување на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје со што би се намалило и загадувањето на животната средина.

Никола Ивановски