Музичкиот проект „Кумановци за Куманово“ утре официјално ќе биде промовиран во Занаетчискиот дом со почеток во 18 часот.
Станува збор за преработка на девет песни типични за кумановскиот менталитет, традиција и поднебје, а кои ќе ги испеат кумановските пејачи, во придружба и преработка на поголем број музичари од градот.
Настанот е во организација на Асоцијација за култура и уметност „МултиАрт“, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово и Фондација за култура и спорт.
Во продолжение целосната програма на настанот, за кој влезот ќе биде слободен.
1. „Јовка кумановка” – Маргица Антевска
Аранжман: Слаѓан Станишковски
2. „Тужинче девојче” – Ивона Јовановиќ и Марио Арангеловски
Аранжман: Боби Серафимовски
3. „Цена служи на трпезу” – Сандра Милковска
Аранжман: Оливер Алексовски
4. „Нане ле, дете ле” – квартет: Бојан Трајчев, Силјан Пановски, Атанас Петров, Марко Митковски
Аранжман/Транскрипција за четирирачно пијано и вокален квартет: Магдалена Божиновска Стојанова (врз основа на обработка од Миодраг Божиновски – Октет Куманово)
5. „Умреја батко Ѓорѓија” – инструментал
Аранжман: Магдалена Божиновска Стојанова
6. „Стани попадијо” – Душица Јакимовска и Никола Павловски Коки
Аранжман: Стојадин Ивановски Дине
7. „Јано, Јанке, кумановке” – Мартинијан Кириловски
Аранжман: Слаѓан Станишковски
8. „Блазе тебе Фидан вело” – Нино Величковски
Аранжман: Слаѓан Станишковски
9. „Петра стои на порта” – мешан хор
Аранжман: Магдалена Божиновска Стојанова