Кумановци уапсени со наркотици

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатото деноноќие упасени се четворица кумановци во два одвоени случаи поради сомнение дека кај нив биле пронајдени наркотици, во форма на бела прашкаста материја.

Loading...

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, вчера полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Б.С.(37) и Н.С.(20) од Куманово и С.К.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена бела прашкаста материја.

Во вториот случај рано утринава во 00.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле М.П.(20) од Куманово, затоа што при извршен преглед кај него исто така била пронајдена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на настаните, против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Leave a Reply