Двајца кумановци се осомничени дека го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка вчера во угостителски објект.
– На 10.09.2025 во 13:15 часот во СВР Куманово е пријавено дека во угостителски објект на улица „Народна револуција“ во Куманово бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу И.Г.(36) и М.С.(65), двајцата од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
Никола Ивановски