Две лица од Куманово биле приведени откако со камион полн дрва се обиделе да прегазат полицајци кои сакале да им извршат контрола.
– На 23.08.2025 во 22:30 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Т.Ј.(27) и Б.Ј.(46) од Куманово. Имено, во с.Макреш, општина Старо Нагоричане, полициски службеници забележале паркирано товарно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, натоварено со огревни дрва, до кое биле двете лица, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, Т.Ј. и Б.Ј. не дозволиле на полициските службеници да извршат контрола на возилото, физички ги нападнале кога се обиделе да ги спречат да избегаат од местото, а откако влегле во возилото се обиделе да ги прегазат со возилото поради што полициските службеници испукале неколку предупредувчки куршуми во воздух.
Според соопштението, по преземени мерки, лицата биле пронајдени, а било пронајдено возилото со дрвата.
– По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението на полицијата.
Никола Ивановски