Кумановци релативно мирно ја дочекаа 2017 година

Сподели со своите пријатели

Релативно мирно помина новогодишната ноќ во Куманово, а освен неколку редовни интервенции кај хронично болни лица, екипите на Итната медицинска помош немале интервенции на сообраќајни несреќи или повреди од пиротехника.

На Интерното одделение во кумановската болница се јавиле две малолетни лица поради интоксикација од алкохол, а по интервенцијата истите биле пуштени на домашно лекување.

Во Ургентниот центар бележат три интервенции, а на хирушкото одделение било примено лице кое имало телесни повреди поради семејно насилсво, односно син си го претепал таткото.

И минатата година кумановци во мирна и весела атмосфера ја минаа најлудата ноќ во годината, без регистрирани инциденти и тепачки.