Две лица од Куманово, едниот на 34, другиот на 28-годишна возраст, биле приведени викендов откако им била пронајдена прашкаста материја.
– На 05.12.2021 во 02.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.Т.(34) и С.Ч.(28) од Куманово затоа што кај нив била пронајдена прашкаста материја, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски