Двајца жители на Куманово во два одвоени случаи во текот на вчерашниот ден биле приведени од полицијата под сомнение дека поседуваат наркотици.
Loading...
Како што информираат од кумановската полиција околу 16:00 часот полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода А.П.(39) од Куманово затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена непозната прашкаста материја.
Еден час подоцна, полициски службеници го лишиле од слобода О.А.(40) од Куманово затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена непозната кафеава прашкаста материја.
Двете приведени лица биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.