Кумановци освоија злато и сребро на Државно првенство во Бразилска џиу џица

Сподели со своите пријатели

Седум медали од кои два златни и два сребрени освоија членовите на „Д Стронгест“ Куманово  на Државното првенство во Бразилска џиу џица што вчера се одржа во Велес.

Loading...

Со злато од Државното првенство се вратија Андреј Стојановски (виолетови појаси,70кг), Марио Здравковски  (плави појаси,76кг), Андријана Цветковска (плави-виолетови појаси,60кг), Матеј Трајковски (бели појаси,76кг) и Марко Ѓуровски (бели појаси деца,55кг).

Со сребрени медали во Куманово се вратија Марко Стаменовски  (плави појаси,85кг) и Димитриј Миљановиќ 2-ро место (бели појаси,73кг).

На Државното првенство учествуваа и Гордон Величковски и Милош Спасиќ кои овој пат останаа без медал.

Од „Д Стронгест“ за Кумановски Муабети велат дека продолжуваат со редовните тренинзи и се надеваат на уште успеси во периодот што следува.

Никола Ивановски