Кумановци одадоа почит на Јосип Броз Тито (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Граѓани почитувачи на ликот и делото на поранешниот доживотен претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито денеска положија свежо цвеќе пред неговата спомен плоча во чест на 43-годишнината од неговата смрт.

Loading...

Меѓу нив беше и градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

– Заедно со делегацијата и членови на Здружението на армиски и полициски ветерани и армиски воени старешини, како и други здруженија и граѓани, положивме свежо цвеќе и пред спомен плочата на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, во знак на почит и одбележување на 43 години од неговата смрт, рече градоначалникот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец тешко повреден откако со велосипед удрил во пешак

 

 

Смртта на Јосип Броз-Тито, доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и на Сојузот на комунисти на Југославија на 4 мај 1980 година е еден од најзначајните настани во историјата на Југославија.

Тогаш доаѓа до смена на власта од еден човек на колективно раководство – Претседателство на СФРЈ.

Loading...

Според многу историчари, ова е почетокот на распадот на СФРЈ.

Титовиот погреб, одржан на 8 мај во Белград, на кој присуствувале 211 делегации од 128 земји на светот официјално е најпосетен погреб на некој државник во историјата.

Тој е погребан во поранешната зимска градина на својата резиденција, т.н. „Куќа на цвеќето“, а неговиот гроб досега го посетиле милиони луѓе.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетници од Куманово со тврд предмет натепале врсници

 

Никола Ивановски