Две лица од Куманово се приведени под сомнение дека со сила влегле во пет автомобили и украле разни предмети.
Loading...
– На 21.10.2024 во 11.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.Д.(30) и Г.Н.(36), двајцата од Куманово, поради сомнение дека изминатиот период со употреба на сила влегле во пет патнички моторни возила и одзеле различни предмети, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
Никола Ивановски