СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Д.З. (30) и Б.Ј. (29), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,спречување на службено лице во вршење службено дејствие”, информираат од Министерството за внатрешни работи.
На 02.03.2017 година околу 11.10 часот на ул. „11-ти Октомври“ во Куманово пријавените откако се приближиле до патничко моторно возило марка „Рено“, сопственост на првопријавениот, а кое било непрописно паркирано и во тек било подигање со специјално возило Пајак, првопријавениот започнал вербална расправија со полициски службеник од ПС за БПС при СВР Куманово. Потоа со употреба на физичка сила започнале насилно да ги отстрануваат канџите со цел да го спречат полицискиот службеник во преземањето на службеното дејствие за подигање на непрописно паркираното возило.
Потоа пријавените биле приведени во СВР Куманово.