Кумановци краделе гориво од јавното претпријатие во кое работеле

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово биле приведени вчера во Маврови Анови под сомнение дека краделе гориво од возила на јавното претрпијатие во кое работеле.

Loading...

– На 11.09.2023 околу 21.00 часот во Маврови Анови, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Д.С.(52) и С.М.(55), двајцата од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тие биле затекнати како од две возила оставени на паркинг, сопственост на јавно претпријатие во кое работеле, со црева одземале гориво од резервоарите.

– Кај нив биле пронајдени и одземени седум пластични канти со гориво и две црева, велат од МВР.

Двајцата биле задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат поднесени соодветни пријави.

Никола Ивановски