На 05.02.2017 година околу 07,10 часот полициски службеници на Полициската станица за граничен надзор Сопот вршејќи редовна патролна слжба во реонот на Прифатно-транзитен центарТабановце – место викано Трски и Чифлук, забележале патничко моторно возило марка „Хјундаи Гетз“ како се движи во правец од железничка станица кон влезот на Чифлук, информираат од СВР Куманово.

Откако истите забележале дека во возилото има поголема количина на роба, на возачот му е издадена наредба да застане и да го паркира возилото од десната страна на патотот. Возачот се оглушил на наредбата и со голема брзина се дал во бегство во правец на селото Табановце.

Како што стои во извештајот на СВР Куманово, по превземени мерки и активности возилото и возачот се пронајдени и по извршена проверка на идентитет е утврдено дека се работи за 39-годишниот Н.М., а во возилото е пронајдена поголема количина на разновидна роба наменета за широка потрошувачка. При тоа со потвда за одземени предмети од Н.М. се одземени 3 пара хеланки, 5 пара долен дел пижами, 23 јакни, 4 торби уницеф, 4 шала, 23 капи, 30 кебиња, 4 пара пижами, 14 плазма кекс, 32 плазма чоко, 41 пудра за деца Лотос, 40 пуди за нозе, 54 креми за раце, 34 средства за дезинфекција на уста, 43 шампони за коса, 14 пасти за заби, 10 четки за заби, 12 пени за бричење, 9 влажни марамици, 8 пара чевли, 5 пара гумени чизми, 5 кабаници за дожд, 3 вреќи за спиење, 1 шатор, 1 подметач, 5 чаршафи, 7 крпи, 20 пара маици, 8 пара гаќи, 19 пара комплет маици и гаќи, 12 пара ракавици и 120 пара чорапи и истите со записник за предавање на одземени предмети се предадени на Транзитен центар Табановце – Црвен крст.


