Кумановци физички се пресметувале, си нанеле повреди со остри предмети

Сподели со своите пријатели

Двајца кумановци во текот на изминатиот викенд физички се пресметувале, а си нанеле и повреди со остри предмети.

Loading...

Како што информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Куманово, двете лица биле лишени од слобода.

– На 28.08.2021 година околу 03.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Е.И. (30) и Р.И. (38), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ казниво по член 288 од Кривичниот законик. По претходна меѓусебна расправија тие започнале физичка пресметка во која употребиле остри предмети и си нанеле повреди, информираат од кумановската полиција.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Никола Ивановски