Две лица од Куманово добиле по две кривични пријави, откако полицијата открила дека имале фалсификувани ПЦР тестови.
Loading...
– Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривични пријави против Љ.Ф.(47) и Г.Т.(31), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“ и „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, на 17.03.2021 и 20.03.2021 на Граничен премин „Деве Баир“ пријавените употребиле фалсификувани ПЦР тестови.
Никола Ивановски