Кумановци биле гости на роденденот на Тито

Сподели со своите пријатели

Секоја година група пионери од сите краишта на Југославија имале можност лично да се видат со Јосип Броз Тито, да го поздрават и да му пренесат илјадници желби од своите другарчиња пионери и да му посакаат и понатаму да живее за среќата и доборот на своите народи.

Loading...

Куманово за 25 мај 1962 година не изостанало зад другите градови во државата. Испратиле пионери од повеќе основни училишта, меѓу кои и Зоран Христовски, кој бил VII одделение во ОУ „Кочо Рацин“.

Во продолжение прочитајте ја животната приказна на Христовски и неговите впечатоци од посетата на Белиот дворец во Белград.

Кога дознав дека и јас сум избран да одам кај другарот Тито, и од името на пионерите од Куманово да му го честитам роденденот, голема радост ме опфаќаше, мислите ми летеа и се поврзуваа со нашиот мил учител и раководител. Со нетрпение чекав да го видат и да ги чујам неговите зборови и да ја почуствувам неговата бескрајна грижа што секогаш ја има за нас пионерите.

Многу ноќи сонот не ми доаѓаше. Се ми се чинеше како да сум таму, во нашиот најголем град и во мислите го замислувам местото и зградата во која живее и работи човекот за чие име е сврзана нашата слобода и нашите победи.

На крајот дојде и тој ден.

Разделбата од нашите другарчиња и учители, како од нашиот град, така и од Скопје, беше свечена, весела, што од другата страна уште посилно ги разбудуваше нашите чувства и интимни желби, а во нашите очи од таа преголема радост може да се забележат солзи радосници. Многубројни цвеќиња што го засипаа автопусот и возот во Скопје при неговото тргнување, даваа исркени поздрави и желби што преку анс требаше да се пренесат до другарот Тито.

Возот појде носејќи не по челишната пруга. Никако умор не сеќававме. Дизел-машината не носеше и го намалувавме растојанието до Белград. Тивок ветер не ладеше и капкит еод челото постепени ги голташе. Возот како да беше диригент на сите наши песни. Под нозете се слушаше шумолењето на тркалата.

Loading...

Така весели не пречека Белград, облечен во виножитото на неонското осветление. Се качивме во автобусот, што не чекаше на железничката станица.

Со нас беа и пионерит еод Босна и Херцеговина. Се најдовме во Пионерскиот дом. Сиот беше потонат во ноќен мир.

Пречекот беше пријателски и срдечен. Изморени од долгиот пат легнавме и потонавме во сладок сон.

Наутро не разбуди веселиот пој на птиците. Станавме одморени бодри и смели. Една од рпвите задачи ни беше да го разгледаме Домто, а потоа дојде и тој час кога требаше да не однесат автобусите до Белиот двор. Автобусите еден по еден се редеа по асвалтираната улица. Сите бевме радосни од радоста треперевме. Домот на пионерите беше напуштен.

Пред нас се гледаа брда пошумени со зелени дрвја.

Дрвјата ја сокрија куќата, а нашите срца стануваа нестрпливи. Не мина долго време ние стигнавме до кабинетот на другарот Тито. По малку тргнавме за Белиот двор. Нешто силно не влечеше напред. Се качивме во автобус и го продолживме патот.

Loading...

Најпосле стигнавме во Белиот двор кој се капеше во безбројно зеленило на дрвјата. Срцата ни престанаа да удираат. Влеговме во салата во која требаше да го пречекаме и видиме другарот Тито. Салата беше величенствена. Точно во 17 часот се забележа сенка и Тито влезе. Сите почуствувавме голема радост. Од присутните пионери се изли големо одушевување: „Тито! Тито Тито!“ одекнуваше низ убавата сала. Потоа се прошири во одушевено: „Ние сме титови – Тито е наш“. Сето тоа траеше повеќе минути. И наеднаш се се стивна.

Весел, расположен и горд, рече: „Драги мои пионери, многу сум весел оти ве гледам повторно тука. Вие имате подобри услови од пионерите што учествуваат во НОБ и по ослободувањето. Затоа учете. Јас ви пожелувам се најубаво. Ве молам моите желби да ги пренесете и на другит епионери кои немале можност да ме видат“.

Со тоа Тито го заврши својот краток поздрав. На лицето свешете природната насмевка. Очите весело му светеа. Многу беше расположен и радосен. Од присутните пионери одекна поздрав: „Ние сме Титови, Тито е наш“.

Фотокамерите само крцкаа, а пионерите редеа поздрави до другарот Тито. Тој, расположен и весел топло ги потпоздравуваше. Започна и предавањето на подароците донесени за другарот Тито.

Дојде редот и јас лично да му го предадам на другарот Тито подарокот од пионерите од нашиот град. Нешто силно ме привлече до говорницата. Се доближив до Тито, го погледнав во очите каде ја догледав нашата младост, нашите желби и иднината и гордо реков:

„Драги Тито, многу сум весел и горд што можам да ви ги пренесам интимните чуства на пионерите од Куманово и околијата по повод вашиот роденден. Пионерите од Куманово и околијата најодречно ви го честивтаат и ви посакуваат:

Уште многу мајски лета
Вашиот лик да не грее,
Уште многумајки лета,
Мили Тито да живееш!

Тој топло отпоздрави и се заблагодари на подарокот.

Loading...

Започна веселбата. Меѓу нас беше Тито. И тој се веселеше. Насекаде одеше и ги слушаше песните од разните краишта на нашата татковина. Дојде и кај нас. Срдечно го пречекавме со народни песни од нашата Република. Му се допадна и не пофали.

Целиот двор беше весел. Времето минуваше неосетно. На крајот се сликавме со другарот Тито. По сликањето го напуштивме Белиот двор, нажалени што се одалечуваме од човекот што најмногу допринел нашите идеали да бидат реалност, од човекот чие име е поврзано со борбите и победите на југословенските народи.

Но, ова разделба е привидна. Ние и понатмау ќе учиме, ќе раснеме и работиме со Тито за Тито.

Извор: „Наш весник“ број 15 (петок, 1. јуни 1962. година)

Leave a Reply