Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против В.А. (37) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Имено на 13.04.2016 година, пријавената предизвикала опасност по животот и телото на луѓето на начин што нејзиното куче ја нападнало Ј.М. и уште двајца нејзини соседи, при што Ј.М. се здобила со телесна повреда.