Навивачката група Кумани од денеска најави бојкот на сите натпревари кои ќе ги игра Кошаркарскиот клуб Куманово, како што велат се додека претседателот на клубот Виктор Божиновски не поднесе оставка од функцијата.
Евидентно беше и нивното вчерашно отсуство од натпреварот Куманово – Карпош Соколи, каде се појавија само во второто полувреме и истакнаа транспарент против актуелниот претседател, скандираа и си заминаа.
Во соопштението објавено на социјалните мрежи навивачката група вели дека оваа одлука е донесена поради несоодветно воедење на клубот.
– Оваа одлука е донесена поради несоодветно водење на клубот и катастрофалните порази што доведуваат до сомнеж кај кумановската публика. Како на пример првиот натпревар против КК Левски, водевме 20 разлика и за пет минути загубивме. Исто и со КК Работнички, целиот натпревар воедевме и на крајот нерешено. Дали тука нешто е сомнително? Исто така именуваниот господин нема никакво искуство со кошарката или било кој спорт. Кумановскиот народ сака полна сала, добри резултати, но со ваков претседател одиме во пропас. Ние не профитираме од овој клуб, ние живееме за КК Куманово и нема да дозволиме некој да си игра со нашие емоции. Ако му мисли добро на клубот под итно да си даде оставка и да дојде некој кој навистина се разбира и да го мрдне клубот од мртва точка, стои во соопштението на навивачката група Кумани.
Ваквата реакција на Кумани наводно доаѓа, откако не ги добиле бесплатните влезници за последниот натпревар одигран на домашен терен.