Навивачката група Кумани денеска во два клона на Градинката „Ангел Шајче“ подели дел од плишаните мечиња собрани на мечот Куманово – МЗТ.

– Нашата маскота успеа да ги насмее и израдува сите со своето присуство и со делење на мечињата, велат од навивачката група.

Публиката на натпреварот меѓу МКК Куманово и МЗТ Скопје Аеродром дојде со мечиња кои ги фрлија на ист знак на теренот на идеја на навивачката група.

Огромен број мечиња го преплавија теренот, а навивачите најавија дека истите ќе им бидат поделени на дечињата во градот.





Никола Ивановски

