Кулеба: НАТО не е сила за каква Украинците порано ја сметаа

Сподели со своите пријатели

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба денеска го обвини НАТО дека го почитува рускиот притисок откако членките на Северноатлантскиот договор одбија да прогласат зона на забранети летови над Украина.

– НАТО не е силата што претходно ја замислуваа Украинците – изјави Кулеба, пренесува Ројтерс.

 

Москва тврди: Зеленски сака конфликт меѓу НАТО и Русија!

 

Говорејќи за украинската телевизија, Кулеба исто така рече дека е отворен за разговори со неговиот руски колега Сергеј Лавров, но само доколку преговорите се „смислени“.