Кулеба го критикуваше Берлин: Германија е одговорна затоа што Русија изгради моќ

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитри Кулеба ја критикуваше Германија за нејзината долгорочна политика кон Русија.

– Жал ми е што морам да кажам. Германија придонесе Русија да ја изгради сегашната моќ – потенцира Кулеба за АРД.

 

Украина тврди: Русите го гранатираа аеродромот Антонов (ВИДЕО)

 

Тој изрази надеж дека Германија сега ќе даде соодветно голем придонес за запирање на руската воена машина.

Кулеба истакна дека Германија и Украина се партнери и истакна дека се надева оти Берлин ќе и го стави на располагање на Украина сето потребно оружје за одбрана.

– Мислам дека не е фер што Германија со години има сеопфатна одбранбена соработка со Русија. Можеби сега е време да добиеме се што ни е потребно за нашата одбрана – објасни тој.

Тој побара од Германија построги казнени мерки против Русија.

 

Гранатирана станбена зграда во Киев, двајца загинати (ВИДЕО)

 

Кулеба ја пофали Германија за некои тешки одлуки во првите денови од војната, но исто така истакнува дека кога ги прашува своите колеги во ЕУ зошто руските банки сѐ уште не се исклучени од меѓународните плаќања или не се воведени одредени санкции, тој секогаш го слуша истиот одговор, дека тоа е поради Германија.

– Би сакал да ја видам Германија на позицијата лидер во воведувањето санкции. Во некои случаи, дури и САД беа подготвени да одат понатаму, но Германија рече дека треба да бидеме повнимателни и да чекаме – рече тој.

Кулеба нагласи дека Украина треба да стане членка на ЕУ и дека очекува германската влада да ја поддржи таа одлука, бидејќи Украина е дел од Европа и континентот би бил побезбеден со неа.

 

Крим и Донбас поврзани со копнен коридор

 

Тој рече дека знае дека не е лесно да се спроведе промена на политиката во Германија, која долги години се потпираше на дијалог.

– Сепак, сега го гледаме вистинското лице на Русија. Сега ја плаќаме цената. Нашите деца ни ги убиваат, нашите градови се уништуваат. Тоа значи дека треба да признаат дека направиле грешки и истите да ги исправат – нагласи Кулеба.

Тој апелираше до Германија да го запре Владимир Путин, бидејќи Украина, според него, нема да биде неговата последна цел.